4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите фудбалери ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2019

Младите фудбалери ги добија противниците за квалификациите за ЕП 2019

U21-draw

Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна имињата на противниците со кои ќе се соочи во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, кое ќе се одржи во Италија.

„Прв впечаток е дека групата не е атрактивна, но противниците се силни и квалитетни“, изјавил селекторот Благоја Милевски за интернет страницата на ФФМ по жрепката во Нион.

Македонските фудбалери, родени по 1-ви јануари 1996-та година, во квалификациите за Европското првенство во 2019-та година, ќе игра против Србија, Австрија, Русија, Ерменија и Гибралтар.

„Србија која е наш ривал и на ЕП во Полска, Австрија која играше бараж со Шпанија за влез на шампионатот во Полска и Русија која е навистина квалитетна. Но, во секој случај добивме група за ново надигрување со силните европски репрезентации. И претходно кажав дека наша цел ќе биде потврда на квалитетот на игрите од претходниот циклус и конкурентност на теренот со секој противник, без разлика кој е од спротивната страна. Ние за квалификацискиот циклус за ЕП 2019 градиме комплетно нова репрезентација со која повторно ќе одиме чекор по чекор, како и низ претходните квалификации“, изјави селекторот Милевски, кој заедно со директорот на репрезентацијата Саша Ќириќ беа присутни на извлекувањето на групите во Нион.

Квалификациите за пласман на ЕП во 2019-та година ќе започнат во март годинава, а ќе завршат во октомври 2018-та година, а во ноември истата година ќе се играат двете бараж средби по кои ќе бидат познати сите селекции кои ќе учествуваат на првенството чии домаќин ќе биде Италија.

33300

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП