20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрвпат по 14 години, сестринско финале на Австралија Опен

Првпат по 14 години, сестринско финале на Австралија Опен

serena-and-venus

Сестрите Вилијамс, Венус и Серена, ќе се борат за титулата на првиот гренс лем во сезоната, Аустралијан Опен. Во полуфиналето Венус (36) по голема борба ја победи сонародничката Коко Вандевеј, додека Серена (35) експресно славеше над уште една ветеранка, Мирјана Лучиќ-Барони.

Венус Вилијамс, седумкратна освојувачка на грен слем турнирите, се пласира во своето второ финале на Аустралијан Опен, прво по пауза од 14 години. Американката последен пат се борела за титулата на некој од грен слем турнирите во 2009 година.

Постарата Вилијамс, по голема борба и речиси два и пол часа игра, успеа да слави над десет години помладата сонародничка Коко Вандевеј.

Вандевеј го доби незивесниот прв сет во тај брејк, во вториот сет Венус бргу направи два брејка и го го доби сетот со 6:2, а во третиот направи еден брејк, до крајот спаси седум брејк топки и го избори првото финале во Мелбурн по 2003 година.

За разлика од Венус, Серена експресно ја мина Мирјана Лучиќ-Барони. Полуфиналето помеѓу овие две тенисерки траеше 52 минути, а Серена славеше 6:2, 6:1. Серена против Венус ќе се бори за својата 23-та грен слем титула.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП