9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕгипет прв во Д групата, Гана втора (видео)

Египет прв во Д групата, Гана втора (видео)

Salah

Египет од првата, а Гана од втората позиција од Групата Д продолжуваат во четвртфиналето на Африканскиот Куп, кој заврши за селекциите на Мали и Уганда.

Египет во дуелот за првото место ја победи Гана со 1:0. Единствениот гол на мечот го постигна напаѓачот на Рома, Салах во 11 минута.

Поразот на Гана му ги отвори шансите на Мали со убедлив триумф над мад Уганда да го освои второто место во групата, но шансите згаснаа кога Мија во 70.минута го постигна првиот гол за Уганда на Африканскиот Куп. До крајот конечните 1:1 ги постави Бисума.

Во четвртфиналето на 28.јануари ќе играат Буркина Фасо-Тунис и Сенегал-Камерун, а ден подцна на програмата се дуелите Конго-Гана и Египет-Мароко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП