3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал елиминиран од кралскиот куп (видео)

Реал елиминиран од кралскиот куп (видео)

skysports-ronaldo-real-madrid_3877989

Селта и Атлетико Мадрид му се приклучија на Алавес во полуфиналето во Купот на Кралот. Атлетико го одработи реваншот со Еибар (2:2), а со идентичен резултат заврши и реваншот помеѓу Селта и Реал Мадирд, по кој фудбалерите на „кралскиот клуб“ го завршија своето учество во Купот за оваа сезона.

Реал се обиде, во Виго, да го надомести загубеното во првиот меч (победа на Селта 1:2), но домаќинот успеа да го издржи силниот притисок на гостинот.

Роналдо можеби ја имаше шансата на мечот во 26.минута, кога резултатот беше 0:0, но во иста акција два пати ја погодуваше рамката на голот.

Селта прва постигна гол и тоа во самиот финиш на полувремето, кога Данило помалку несмасно си постигна авто-гол.

Реал израмни во вториот дел со голот на Роналдо од слободен удар. Потоа предноста на Селта и ја врати Вас во 85.минута, а Лукас Васкез во последната минута ги постави конечните 2:2.

Атлетико против Еибар стекна предност од 3:0 во првиот меч и реваншот во Баскија беше само формалност.

Хименез му донесе предност на Атлетико, потоа Серхио Енрих и Педро Леон направија пресврт, а Хуанфран го постави конечниот резултат 2:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП