10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБолт остана без штафетното злато од Пекинг 2008

Болт остана без штафетното злато од Пекинг 2008

image

Најбрзиот човек во светот Јусеин Болт остана без златниот медал освоен на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, во штафетната трка 4×100 метри, соопшти Меѓународниот олимписки комитет.

Поради позитивниот допинг тест на Неста Картер, Болт и останатите двајца од штафетата на Јамајка, Мајкл Фрејтер и Асафа Пауел, останаа без златните медали во штафетната трка.

МОК соопшти дека Неста Картер бил позитивен на метилхексамин.

Болт сега во колекцијата има „само“ осум златни олимписки медали.

Златото од штафетата 4×100 метри ќе му припадне на Тринидад и Тобаго, среброто на Јапонија, а Бронзата на Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП