2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладата селекција во четвртиот барабан во квалификациите за ЕУРО 2019

Младата селекција во четвртиот барабан во квалификациите за ЕУРО 2019

Bobi-Milevski-696x553

Младата фудбалска репрезентација на Македонија од четвртиот барабан ќе ги чека противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство кое во 2019 година ќе се одржи во Италија.

Младата македонска фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2019 година нема да може да игра против Велс, Бугарија, Грузија, Унгарија, Ирска, Шкотска, Молдавија и Албанија, кои исто така се во четвртиот барабан.

Во квалификациите за Европското првенство во 2019 година ќе може да играат фудбалери родени по 1.јануари 1996 година.

УЕФА ќе формира девет групи, квалификациите ќе траат до октомври 2018 година, а победниците ќе изборат директен пласман на првенството, додека најдобрите четири второпласирани селекции низ бараж ќе се борат за уште два места. Последниот 12-ти учесник на ЕП во 2019 година ќе биде домаќинот Италија.

Извлекувањето на групите ќе биде извршен в четврток во Нион, а Македонија ќе ја преставуваат селекторот на младата репрезентација Благоја Милевски и директорот на репрезентацијата Саша Ќириќ.

Барабан 1: Германија, Поругалија, Шпанија, Данска, Франција, Шведска, Чешка, Србија
Барабан 2: Словачка, Израел, Холандија, Австрија, Хрватска, Белгија, Полска, Швајцарија, Словенија
Барабан 3: Украина, Норвешка, Русија, Турција, Романија, Исланд, Грција, Црна Гора, Финска
Барабан 4: Велс, Бугарија, Македонија, Грузија, Унгарија, Република Ирска, Шкотска, Молдавија, Албанија
Барабан 5: Литванија, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Белорусија, Казахстан, Кипар, Летонија, Албанија
Барабан 6: Малта, Луксембург, Северна Ирска, Фарски Острови, Сан Марино, Андора, Лихтенштајн, Гибралтар, Косово.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП