11 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПепе го напушта Реал, се сели во Кина

Пепе го напушта Реал, се сели во Кина

20-Pepe.vadapt.767.high.0

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Пепе, ќе го напушти клубот по завршувањето на сезоната и ќе се пресели во Кина, во екипата на Хабеи. Шпанските медиуми пренесуваат дека Португалецот договорил двегодишна соработка вредна 15 милиони евра по сезона.

Пепе (34) решил да го напушти Реал откако клубот не се согласил да му понуди нов двегодишен договор. Челниците на Реал, следејќи ја клупската политика на Пепе му понудиле едногодишна соработка.

Хебеи неодамна го презеде поранешниот тренер на Малага, Реал и Манчестер Сити, Мануел Пелегрини, а во овој тим настапуваат Есекијел Лавеци, Жервињо и Стефан Мбија.

Пепе во Реал пристигна во 2007 година од Порто за сума од 30 милиони евра и досега има одиграно 327 натпревари, на кои постигнал 14 голови.

Со Реал, меѓудругите, има освоено две титули во Лигата на шампионите, а минатото лето со Португалија стана европски шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП