10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрепородениот Надал го совлада Раониќ

Препородениот Надал го совлада Раониќ

74979586358888ca56d941883956023_640

Рафаел Надал е последниот полуфиналист на Аустралијан Опен. Шпанецот во четвртфиналето славеше над Милош Раониќ во три сета 6:4, 7:6, 6:4.

Надал на Аустралијан Опен игра како препороден, потсетува на своите најдобри денови, а тоа во четвртфиналето го почувствува и третиот носител на турнирот Милош Раониќ. Од првиот поен Надал му стави на знаење на противникот дека тој ќе биде играчот кој ќе го диктира ритамот, а иако Раониќ добро сервираше и редеше ас удари, Шпанецот наоѓаше начини да му го нападне сервисот.

Еден брејк на Надал го реши првиот сет, во осмиот гем Шпанецот успеа да му го одземе сервисот на третиот светски играч, а потоа да го добие сетот со 6:4.

Финишот на вториот сет беше почеток на крајот на Раониќ. Канаѓанецот не искористи три сет топки за израмнување при резултат 4:5, а потоа пропушти уште две сет топки во тај брејкот.

Надал во тај брејкот остана смирен, максимално ги користеше грешките на противникот и стигна до 2:0. Вториот сет траеше 81 минута.

Шпанецот во третиот сет играше трпеливо, иако постојано го притискаше сервисот на противникот. Трпеливоста му се исплатеше во десеттиот гем, кога направи брејк со кој го доби мечот.

Надал кој во 2009 година ја освои својата единствена титула во Мелбурн во полуфиналето ќе игра против Григор Димитров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП