26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРос Браун е новиот директор на Формула 1

Рос Браун е новиот директор на Формула 1

ross-brawn_2460981b

Рос Браун е именуван за нов директор на Формула 1, ден по именувањето на Американецот Чејс Кери за нов претседател на натпреварувањето. Кери го наследи Берни Еклстон, кој по четири децении замина од Формула 1.

Рос Браун, поранeшен директор на Мерцедес, по именувањето, рекол дека негова цел ќе биде да „развие поедноставен спорт“, во кој повеќе возачи и тимови ќе имаат можност да победат. Браун очекува неговите идеи да започнат да „живеат“ од 2018 година.

Дел од идеите ќе црпи од англиската Премиерлига, односно од примерот на Лестер Сити, кој за 12 месеци од тим кој со многу труд избори опстанок стана шампион на Англија.

„Тоа би било совршено за Формула 1, добар тим со одличен возач ако има добра сезона да може да оствари голем успех. Тоа во моментов е невозможно“, рекол Браун.

Примарната задача на Браун ќе биде да ја врати неизвесноста во Формула 1, која со години ја нема во овој спорт. Брон, изминатите години јавно се противеше на промената на правилата.

„Мораме да ги стабилизираме „малите екипи“, на кои треба да им овозможиме подобар финансиски статус. Мораме ја ограничиме употребата на новата технологија бидејќи постои голема разлика помеѓу тимовите. Мораме да обезбедиме да има повеќе чисит решенија, а помалку вештачки. Мораме да воведема баланс помеѓу технологијата и спортот“, дополнил Браун.

Една од техмологиите кои Браун е подготвен да ја отстрани од Формула 1 е DRS Drag Reduction System, кој ја зголемува брзината и овозможува полесно претекнување, доколку разликата меѓу болидите е помала од една секунда.

Исто така тој е подготвен и за промена на турбо-хибридните мотори кои се воведени во 2014 година и кои според многумина преставуваат револуционерен чекор напред во намалувањето на потрошувачката на гориво, но и критикувани поради високата цена и здодевниот звук.

„Ќе мора да разговараме со тимовите, многу имаат вложено во тие мотори, не можеме само да ги остраниме и да ги замениме со други“, рекол Браун.

Новиот директор на Формула 1 има планови и за младите возачи, односно систем сличен на „драфтот“ во американските професионални спортови. Во Формула 1 речиси традиција стана возачите кои имаат спонзори да имаат предност во однос на другите возачи, без оглед на нивниот квалитет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП