Бразилецот Фелипе Кутињо го продолжи договорот со Ливерпул на уште три години, што значи дена на Енфилд ќе остане до 2022 година.
Еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул, Фелипе Кутињо, иако имаше понуда од Барселона, реши да остане на Енфилд. Тој потпиша нов договор кој важи до 2022 година. Според новиот договор тој ќе заработува 150.000 фунти неделно.
Кутињо има 24 години, во помладите категории настапувал за Васко де Гама, а сениорската кариера ја започна во 2008 година во Интер, во Ливерпул е од 2013 година.
За „црвените“ од Енфилд има одиграно 121 натпревар и постигнато 26 голови.