17 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОСан Антонио славеше на дербито во Торонто (видео)

Сан Антонио славеше на дербито во Торонто (видео)

920x920

Сан Антонио во дербито славеше во Торонто, а во останатите мечеви одиграна изминатата ноќ победи забележаа Денвер, Минесота, Чикаго, Вашингтон и Филаделфија.

Сан Антонио, тимот кој го има вториот најдобар резултат во лигата, во драматичен меч победи во Торонто 108:106. Мечот го реши Ламаркус Олдриџ кој реализираше две слободни фрлања на 12 секунди до крајот. Токму Олдриџ со 21 поен и седум скокови го предводеше тимот од Тексас, додека кај Торонто најефикасен беше Кајл Лаури со 30 поени.

Филаделфија против ЛА Клиперс ја запиша деветтата победа на последните 12 натпревари одиграни пред своите навивачи. Фила славеше 121:110, а во триумфот се истакнаа Нерленс Ноел со 19, Ришон Холмс со 18 и Дарио Шариќ со 16 поени. Кај Клиперси, во чии редови поради повреди не играат неколку важни играчи, најпрецизен беше ветеранот Џамал Крофорд со 27 поени.

Вашингтон успеа да го порази Бостон 123:108 благодарение на бековскиот тандем Бредли Бил и Џон Вол. Бил постигна 31, а Вол 27 поени. Ајзеа Томас уфрли 25 поени и имаше 13 асистенции во поразениот тим.

Чикаго во Орландо, предводен од Џими Батлер (20 поени, 8 скока) и Двејн Вејд (21 поен, 9 скока) забележа победа од 100:92.

Деневер на домашен терен беше подобар од Јута 103:93. Уште еднаш блескаше во Денвер срепскиот центар Никола Јокиќ со 23 поени, 11 скокови, 6 асистенции и 3 блокади.

Ендрју Вигинс погоди од тешка позиција во последната секунда и на Минесота и ја донесе победата во Феникс 112:111. Токму Вигинс со 31 поен ја предводеше Минесота, додека кај Феникс најпрецизен беше Дерик Букер со 26 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП