26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБранителот на титулата елиминиран од Африканскиот Куп (видео)

Бранителот на титулата елиминиран од Африканскиот Куп (видео)

1474029076566f0f8bea412545479047_w640

ДР Конго и Мароко од Ц групата се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот Куп. Групата не успеа да ја мине бранителот на титулата репрезентацијата на Брегот на Слонова коска.

ДР Конго беше аутсајдер пред почетокот на првенството, а со победата над Того 3:1 ја осови првата позиција во групата.

Кабананга го постигна првиот гол, негов трет на шампионатот, потоа Ндомбе зголеми на 2:0, а До Лаба намали на 2:1. Конечниот резултат го постави Ебунге од слободен удар.

Мароко минимално славеше над Брегот на Слонова коска, а единствениот гол го постигна Алиуи во 64.минута.

Бранителот на титулата Брегот на Слонова коска Африканскиот Куп го заврши без победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП