17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватска славеше над Шпанија, Словенија го елиминира Катар

Хрватска славеше над Шпанија, Словенија го елиминира Катар

espa-cro

Хрватска и Словенија ја комплетираа полуфиналната четворка на Светското првенство во ракомет. Хрватска во четвртфиналното дерби ја победи Шпанија 30:29, додека Словенија го елиминира Катар со 32:30.

Вистинско дерби во четвртфиналето одиграа Хрватска и Шпанија по кое пласман во полуфиналето слават „коцкестите“. Клучната предност Хрватска ја направи во стартните седум минути од вториот дел, кога ја достигна највисоката предност од пет гола 21:16.

Шпанците потоа трпеливо ја топеа негативата, го имаа последниот напад на натпреварот за израмнување, кој лошо го организираа.

Претходно Шпанија, во првиот дел имаше 8:6, на што Хрватска возврати со серија од пет гола. Кога Хрватите по 15 минути игра го презедоа водството 11:9, повеќе не го испуштија. Движечка сила во нападот на Хрватска во првиот дел беше Мамиќ, кој во 30 минути постигна седум од своите девет гола. Втор стрелец во хрватската репрезентација бешпе Циндриќ со пет гола, четири постигна Хорват, а три Муса.

Најефикасен Шпанец беше Фернандез кој погоди седум пати, а Душебаев кој ја врати Шпанија во мечот постигна пет гола, сите во вториот дел.

Словенија со 32:30 го совлада вицепрвакот од минатиот Мундијал Катар и го повотри успехот од Светското првенство во Шпанија во 2011 година.

Словенците многу полесно од очекувањата се справија со Катарците, кои вистинското лице го покажаа во последните десет минути кога победникот веќе беше решен.

Маргуч постигна шест, а Доленец пет гола за Словенија, додека Катар го предводеше Руан со осум гола.

Во полуфиналето Хрватска ќе игра против Норвешка, а Словенија против Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП