4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда ја совлада Басконија, Галатасарај го декласираше Макаби

Црвена звезда ја совлада Басконија, Галатасарај го декласираше Макаби

12315175405887d197e1831499683882_w640

Кошаркарите на Црвена звезда ја продолжија победничката серија во Евролигата со гостинската победа над Басконија 87:69, Галатасарај го декласира Макаби со 102:63, Фенербахче победи во Казањ кај Уникс 86:81, а Панатинаикос славеше над Барселона 81:75, во воведните натпревари од 19 коло.

Црвена звезда продолжи со блескавите изданија во Евролигата и против Басконија ја забележа шестата победа во низа. Белградскиот тим на полувреме водеше 50:27, а во еден период од третата четвртина имаше предност и од 29 поени 962:34).

Симоновиќ со 23 поени беше најефиксен кај победникот, каде блескаше Јовиќ со 18 поени и 12 асистенции.

Макаби, тим кој има еден од најголемите буџети во Евролигата продолжи со мизерните изданија. Во Истанбул, Макаби загуби од Галатасарај со 39 поени разлика.

Диблер со 21, Тајус со 18 и Мицов со 16 поени го предводеа Галатасарај до победата 102:63.

Фенербахче запиша важна победа во Казањ над Уникс 86:81. Македонскиот интернационалец во победата на својот тим учествуваше со седум поени и по два скока и асистенции. Фенер го предводеа Датоме со 18 и Богдановиќ со 16 поени.

Панатинаикос во дербито ја порази Барселона 71:65. Бурусис оставри 14 поени и 11 скокови, а Риверс постигна 13 поени кај победникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП