9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранцузите со победа над Шведска изборија пласман во полуфиналето

Французите со победа над Шведска изборија пласман во полуфиналето

c994ee3ba7ba148d7e8ace199b26270d4ec98d3a

Домаќинот на 25-то Светско првенство во ракомет, репрезентацијата на Франција ја победи Шведска со 33:30 (15:16) и избори пласман во полуфиналето. Французите, кои ја бранат титулата за пласман, за големото финале ќе играат со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Словенија и Катар.

Четвртфиналниот двобој на Франција и Шведска, пред 28.000 гледачи во Лил донесе врвен ракомет и голема борба во текот на целиот меч, од кој домаќинот излезе како победник.

Ниту едена од репрезентациите во текот на натпреварот немаше предност поголема од три гола.

Шведска во првиот дел во игра ја држеа голманот Апелгрен, односно бековите Годфридсон и Ниулсон. На спротивната стрна Французите играа лошо во одбраната, а потфрли голманот Омејер, кој до 25. Минута, кога беше заменет од Жерар, одбрани само 14 отсто од ударите упатени кон неговиот гол.

Франција отпорот на противникот го скрши во последните 10 минути, кога се истакнаа Ремили и Нарцис. Французите направија серија од 5:0 и негативата од 24:26, ја претворија во позитива од 29:26.

Франција ја предводеа Мае со девет гола, седум од нив постигнати од седмерец, односно Ремили кој постигна шест гола. Голманот Жерар мечот го заврши со осум интервенции, две од нив во моментите кога Франција ја правеше серијата 5:0.

Апелгрин со 12 одбрани, односно Готфридсон со седум голови и Лукас Нилсон со пет голови беа најдобри во шведската репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП