5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНорвежаните ја совладаа Унгарија

Норвежаните ја совладаа Унгарија

norway-696x370

Репрезентацијата на Норвешка ја совлада Унгарија 31:28 (17:10) во првиот четвртфинален натпревар на 25-то Светско првенство во ракомет. Норвешка во своето прво мундијалско полуфинале во историјата ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Шпанија и Хрватска.

Норвешките ракометари кои во претходната фаза ја елиминираа Македонија, со импресивна игра, иако конечниот резултат не го покажува тоа, изборија пласман меѓу најдобрите четири екипи на Светското првенство, кое на 29.јануари ќе заврши во Франција.

Победата, Норвешка ја најави по само 11 минути игра кога резултатот беше 8:2. Набргу Норвежаните создадоа позитива од седум гола (11:4), разлика која не ја испуштија до крајот на полувремето (17:10).

Во првата половина од вториот дел Норвежаните уште повеќе го засилија ритамот имаа во еден момент и двоцифрена предност (26:16), а во последните 15 минути Унгарија успеа да избори чесен пораз.

Унгарците во најголемиот дел од натпреварот играа лоша одбрана, голманите не одбранија речиси ништо (Миклер и Фазекаш заедно имаа седум интервенции), нападот им беше бавен и безидеен, а особено лошо играа со ракометар повеќе.

За разлика од нив Норвешка доминираше во сите сегменти, а блескаше голманот Бергеруд со 14 интервенции.

Стрелците кај Норвешка ги предводеше Лие Хансен со шест гола, по пет постигнаа Сагосен и Тонесен, а по четири Бјорнсен и Мирхол.

Унгарија во името на Часар го имаше најефикасниот играч на натпреварот, тој постигна 11 голови, шест пати прецизен беше Банхиди, а пет гола постигна Бодо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП