4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПорази на Вардар и Шкендија на подготовките во Анталија

Порази на Вардар и Шкендија на подготовките во Анталија

vardar-696x407

Најдобрите македонски фудбалски екипи Вардар и Шкендија со порази го започнаа делот од подготовките кои го спроведуваат во Анталија, Турција. Вардар загуби од романска Стеауа 0:1, додека Шкедија со 1:2 е поразена од азербејџанскиот тим Габала.

Есенскиот шампион во домашното првенство, Вардар, против Стеауа доживеа минимален пораз. Единствениот гол на натпреварот го постигна Јаколиш по еден час игра.

Опонентот на Вардар во домашното првенство, тимот на Шкендија, против Габала имаше негатива од 0:2, стрелци беа Озобиќ и Абдулаев, а во финишот Чолак ги постави конечните 1:2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП