9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо во потрага по нов тренер, Еугенио Корини си поднесе оставка

Палермо во потрага по нов тренер, Еугенио Корини си поднесе оставка

b7abd952-e233-11e6-b3ce-f80f41fc6a62

Челниците на Палермо се во потрага по нов тренер, откако Еугенио Корини по неполни два месеци поднесе оставка.

Палермо, чии дрес го носат Македонците Илија Несторовски и Александар Трајковски, во вторникот остана без тренер. Еугенио Корини кој во ноември стана тренер на Палермо, во вторникот поднесе оставка.

Корини беше третиот тренер од почетокот на сезоната кој седна на клупата на прволигашот од Сицилија. Сезоната ја започна Давиде Балардини, на чије место потоа дојде Роберто де Зерби.

Палермо е претпоследен на табелата во Аерија А со само 10 освоени бодови и речиси е во невозможна мисија да избори опстанок бидејќи најблискиот тим кој се наоѓа во безбедната зона е оддалечен 11 бодови.

Тимот на Несторовски и Трајковски се наоѓа во серија од три порази, а сезонава има забележано само две победи, интересно и двете на гостински терен против Аталанта и Џенова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП