18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер – Вавринка прво полуфинале во Мелбурн

Федерер – Вавринка прво полуфинале во Мелбурн

912236583588724fe9760e079156586_640

Роџер Федерер експресно избори пласман во полуфиналето на Аустралијан Опен каде го чека сонародникот Стан Вавринка кој претходно славеше над Жо-Вилфред Цонга со 3:0.

Федерер до своето 41-во полуфинале на грен слем турнирите, 13-то во Мелбурн, стигна експресно со триумфот над Миша Зверев 6:1, 7:5, 6:2, за само 94 минути игра.

Миша Зверев, кој во претходната рунда меѓу гледачите го испрати првиот носител Енди Мари, против инспирираниот Федерер немаше никакви шанси. Постариот од браќата Зверев очигледно премногу импресиониран од настапот во своето прво четвртфинале на грен слем турнирите, одигра нешто само во вториот сет, во кој имаше брејк предност (1:3).

Во првиот и третиот сет на теренот постоеше само Федерер, кој лесно се справи со сервис-волеј играта на Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП