3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлжир го заврши учеството на Африканскиот Куп (видео)

Алжир го заврши учеството на Африканскиот Куп (видео)

islamslimani

Фудбалската репрезентација на Алжир го заврши своето учество на Африканскиот Куп, откако не успеа да освои едно од првите две места во Б групата. Од оваа група пласман во четвртфиналето изборија Сенегал и Тунис.

Сенегал во пресрет на последното коло во Б групата го имаше обезбедено првото место во групата, додека Тунис победа над Зимбабве го носеше во четвртфиналето.

Токму таков расплет донесе последното коло, Сенегал со комбиниран тим одигра 2:2 против Алжир, а Тунис со 4:2 славеше во дуелот со Зимбабве.

Елиминацијата на Алжир преставува вистинско изненадување бидејќи селекцијата во која играат Марез, Слимани, Брахими важеше за фаворит за освојување на титулата.

Сенегал во четвртфиналето ќе игра против Камерун, додека Тунис ќе игра против Буркина Фасо.

Во вторник на Африканскиот Куп се игра последното коло во Ц групата: Того ќе игра против ДР Конго, а Брегот на Слонова коска против Мароко.

Во пресрет на последното коло ДР Конго со четири бода ја предводи Ц групата, Мароко има три, Брегот на Слонова коска два, а Того еден бод.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП