3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерни Еклстон се збогува со Формула 1

Берни Еклстон се збогува со Формула 1

берни

Британецот Берни Еклстон (86) по цели 40 години ја напушта својата должност во Формула 1. На местото на Еклстон, новите сопственици од Libery Media, решија да го назначат Чес Кери (62), објави германскиот магазин Auto, Moto and Sport.

Новите сопственици од Liberty Media на Еклстон му понудиле да биде почесен претседател.

„Денес сум сменет. Јас сум минато. Тоа е официјално“, рекол Еклстон.

Наследникот на Берни, Час Кери, во минатото бил потпретседател на медиумската компанија 21st Century Fox чии сопственик е Руперт Мердок, а на чело на Формула 1 застанува во моментот кога таа има долг од осум милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП