26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтан Вавринка е првиот полуфиналист на Аустралијан Опен

Стан Вавринка е првиот полуфиналист на Аустралијан Опен

15918957115886f7cc5554d074359977_640

Четвртиот носител Швајцарецот Стан Вавринка е првиот полуфиналист на Аустралијан Опен. Вавринка во четвртфиналето славеше против Жо-Вилфред Цонга со 3:0 (7:6, 6:4, 6:3).

Вавринка го скрши Цонга во финишот на вториот и почетокот на третиот сет, откако претходно ниту еден од тенисерите немаше шанса да му го одземе сервисот на противникот.

Првиот сет Вавринка го доби во тај брејк, а клучниот момент во мечот се случи во осмиот гем од вториот сет кога Швајцарецот му го одзеде сервисот на Цонга, кој гем претходно направи брејк.

Вавринка од негативата 3:4, освои три гема во низа го доби вториот сет со 6:4, а моментумот го префрли и во третиот сет добивајќи ги воведните три гема, а потоа рутунски го заврши мечот.

Противник на Вавринка во полуфиналето ќе му биде победникот од пресметката помеѓу Роџер Федерер и Миша Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП