21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал, Димитров, Гофан и Раониќ во четвртфиналето на АО

Надал, Димитров, Гофан и Раониќ во четвртфиналето на АО

rafa

Давид Гофан, Милош Раониќ, Рафаел Надал и Григор Димитров ја комплетираа листата на четвртфиналисти на Аустралијан Опен. Четворицата, во понеделникот, одиграа по четири сета против опонентите, пред да се пласираат меѓу најдобрите осум на првиот грен слем во сезоната.

Давид Гофан стана првиот Белгиец кој изборил пласман во четвртфиналето на Аустралина Опен. Гофан славеше над Австриецот Доминик Тим со 5:7, 7:6, 6:2, 6:2.

Противник на Гофан во четвртфиналето ќе му биде Бугаринот Григор Димитров кој од турнирот го елиминира Денис Истомин, човекот кој го детронизира Новак Ѓоковиќ во второто коло.

Димитров победи со 2:6, 7:6, 6:2, 6:1.

Четири сета за пласман во четвртфиналето одигра и Милош Раониќ, кој по елиминацијата на Енди Мари и Новак Ѓоковиќ е највисоко рангираниот носител на турнирот. Третиот носител и минатоодишен полуфиналист во Мелбурн го совлада Роберто Баутиста-Агут 7:6, 3:6, 6:4, 6:1.

Раониќ за пласман во полуфиналето ќе игра против Рафаел Надал. Шпанецот славеше над Гаел Монфилс 6:3, 6:3, 4:6, 6:4.

На Аустралијан Опен, во вторник, на програмата се првите две четвртфинални средби четвртиот носител Стан Вавринка ќе игра против 12-от фаворит Жо-Вилфред Цонга, додека 17-от носител Роџер Федерер за противник ќе го има Миша Зверев, кој во претходната рунда го испрати меѓу гледачите светскиот број еден, Енди Мари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП