10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИвановиќ од Челзи во Евертон?

Ивановиќ од Челзи во Евертон?

ивановик

Фудбалерот на Челзи, Бранислав Ивановиќ, според пишувањата на англиските медиуми, кариерата ќе ја продолжи во Евертон. Ивановиќ има уште шест месеци од договорот со Челзи, а неговото заминување е извесно бидејќи сезонава речиси и да не добива шанса од менаџерот Антонио Конте.

Бранислав Ивановиќ (32), во Челзи е од 2008 година, а со „сините“ успеа да ја освои Лигата на шампионите и Лига Европа. Сепак тој оваа сезона е во втор план кај менаџерот Конте, кој во дефанзивната тројка ги форсира Аспиликуета, Давид Луиз и Кејхил.

Капитенот на српската репрезентација има договор со Челзи до јуни оваа година и извесно е дека ќе го напушти клубот.

Евертон, односно менаџерот Роналд Куман изразил сериозна желба до крајот на преодниот рок да го донесе Ивановиќ, кој треба да го пополни местото во дефанзивниот ред бидејќи од клубот ќе замине Фил Џагелка кој кариерата ќе ја продолжи во Сандерленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП