2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХрватите го совладаа Египет

Хрватите го совладаа Египет

9398534595885278cc87d6919338298_w640

Репрезентацијата на Хрватска е последниот четвртфиналист на Светското првенство во ракомет. Хрватите во последниот осминафинален дуел го совладаа Египет 21:19 (13:7).

Хрватска против Египет не дозволи сензација, нешто што им се случи на Данска и Германија и благодарение на одличната одбрана и голманот Пешиќ во првото полувреме создаде комотна предност.

Пешиќ одбрани осум удари во првиот дел, а одбраната на Хрватска 6-0 беше непремостлива за Египќаните, поради што на полувремето резултатот беше 13:7.

Во вториот дел Египет направи серија 5:0, нивната зона 3-3 делуваше збунувачки за Хрватите кои речиси 11 минути не постигнаа гол, па резултатот по 43 минути беше 14:12 за Хрватска.

Хрватите сепак го одбија налетот на Египет, се „одлепија“ на четири гола, а во последната минута „фараоните“ го ублажија поразот.

Хорват со шет и Циндриќ со пет голови ја предводеа Хрватска, а голманот Пешиќ имаше 11 интервенции.

Хрватска во четвртфиналето ќе игра против Шпанија. Покрај овој меч, в четврток ќе се одиграат и останатите три четвртфинални дуели: Франција-Шведска, Словенија-Катар и Норвешка-Унгарија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП