4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГабон ремизираше против Камерун и го заврши учеството на Африканскиот Куп

Габон ремизираше против Камерун и го заврши учеството на Африканскиот Куп

download (9)

Репрезентациите на Буркина Фасо и Камерун, од А групата, изборија пласман во четвртфиналето на Африканскиот Куп.

Буркина Фасо славеше против Гвинеја Бисао со 2:0, со головите на Накулма и Траоре и го освои првото место во оваа група.

Во вториот меч домаќинот на Африканскиот Куп, Габон одигра 0:0 со Камерун и ги заврши натпреварите.

Испаѓањето на Габон и оди во прилог на Борусија Дортмунд бидејќи најдобриот стрелец во тимот, Пјер-Емерик Обамејанг, порано од планираното ќе се врати во Дортмунд.

Буркина Фасо во четвртфиналето ќе игра против вторпласираната репрезентација од Б групата, а за втората позиција се борат Тунис, Алжир и Зимбабве. Камерун ќе игра против Сенегал кој веќе го освои првото место во Б групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП