18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман го спаси Атлетико Мадрид од пораз против Билбао (видео)

Гризман го спаси Атлетико Мадрид од пораз против Билбао (видео)

2008805-42171587-2560-1440

Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид ремизираа 2:2 во дерби мечот одигран во рамките на 19.коло во Примера. Тимот од Мадрид ја прекина низата од три победи и остана на четвртото место на табелата, додека Атлетик по третото реми во низа е на седмата позиција.

Дуелот на „Сан Мамес“ започна лошо за домашниот тим, откако Коке постигна гол по само 130 секунди игра.

Гостите водеа се до 42.минута кога Лекуе од 15 метри ја закова топката во голот на Атлетико. Домаќините направија целосен пресврт во 56.минута кога полуконтра повлече Муниаин, на десната страна го проигра Раул Гарсија кој испрати идеален центаршут за Де Маркос кој погоди со глава.

Конечните 2:2 ги постави Гризман во 80.минута. Францускиот репрезентативец долго влечеше една топка, си создаде простор за удар и од 19 метри го совлада Ираизоз.

Атлетико Мадрид во наредното коло повторно ќе гостува во Баскија, но кај Депортиво Алавез, додека Атлетик Билбао ќе игра против Спортинг Хихон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП