18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатар го елиминира европскиот првак Германија

Катар го елиминира европскиот првак Германија

37232998_303

Недела е црн ден за фаворитите на 25-то Светско првенство во ракомет. Откако Унгарија сензационално го елиминира олимпискиот првак Данска (27:25), светскиот вицешампион Катар успеа да слави против европскиот шампион Германија 21:20. Четвртфинале избори и Шведска која ја декласира Белорусија 41:22.

Катар пред две години со голема помош на судиите стигна до вицешампионската титула, на СП во Франција пристигна без неколкумина играчи од тој тим, со многу труд го освои четвртото место во Ц групата, но во осминафиналето успеа да ја надигра Германија.

Репрезентативците на Катар одиграа неверојатна одбрана, која ја предводеше ветеранот на голот Даниел Шариќ (15 интервенции), а во нападот блескаше Капоте кој со девет гола беше играч на натпреварот.

Германците не победија иако нивниот голман Волф имаше 19 интервенции. На самиот почеток тие созадоа предност од 6:2, која Катарците бргу ја анулираа, а на полувреме европскиот првак имаше минимална предност 10:9.

Речиси гол за гол се играше се до 46.минута кога Германија со серија од четири гола се „одлепи“ на 17:13.

Но Катар не се предаде, возврати со иста мерка, а Капоте со два гола во самата завршница и го трасираше патот во четвртфиналето на својата репрезентација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП