18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнжелик Кербер испадна од Аустралијан Опен

Анжелик Кербер испадна од Аустралијан Опен

kerber

Првата носителка и бранителката на трофејот на Аустралијан Опен, Анжелик Кербер, го заврши својот настап во Мелбурн. Германката во осминафиналето, во два сета загуби од Коко Вандевеј со 2:6, 3:6.

Аустралијан Опен, во женската конкуренција, ќе добие нова шампионка, откако бранителката на титулата Анжелик Кербер за само 70 минути игра загуби од Американката Вандевеј.

Американката го искористи лошиот ден на Кербер, два пати во првиот сет и го одзеде сервисот на противничката, а во вториот сет при водство на Кербер од 3:1, освои пет гема во низа за конечна победа.

Елиминацијата на Кербер е второ големо изненадување кое во Мелбурн се случи во неделата, откако претходно турнирот заврши и за првиот носител во машка конкуренција Енди Мари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП