10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја, со пресврт, славеше против Осасуна (видео)

Севилја, со пресврт, славеше против Осасуна (видео)

ibora-696x451

Фудбалерите на Севилја, со пресврт, славеа против Осасуна во Памплона 4:3, во првиот меч од неделната програма, во рамките на 19.коло во Примера.

Севилја во Памплона ја запиша петтата победа во низа и ја задржа негативата од еден бод во однос на лидерот Реал кој има и натпревар помалку.

Капитенот на Севилја Ибора беше централна фигура на натпреварот, тој постигна два гола, а еднаш успеа да го совлада и својот голман.

Леон го постигна првиот гол на мечот, потоа израмни Ибора, а истиот играч постигна авто гол во 63.минута за ново водство на Осасуна.

Само две минути подцна Ибора го израмни резултатот, а Васкез на десет минути пред крајот на Севилја и ја донесе првата предност на мечот 2:3.

Во судиското надополнување на времето Сарабија ја потврди победата на Севилја, а конечните 3:4 ги постави Кодро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП