19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоџер Федерер избори пласман во четвртфиналето на АO

Роџер Федерер избори пласман во четвртфиналето на АO

44268844658854e251b80c805809194_640

Роџер Федерер избори пласман во четвртфиналето на Аустралијан Опен, откако во пет сета 6:7, 6:4, 6:1, 4:6, 6:3 го победи петтиот носител Кеи Нишикори.

Роџер Федерер стана најстариот тенисер кој изборил четвртфинале на првиот грен слем во сезоната со победата над Нишикори. Освојувачот на 17 грен слем титули, 13-ти пат во последните 14 сезони се пласира меѓу најдобрите осум на Аустралијан Опен.

Со исклучок на првиот сет, кога Нишикори поведе со 1:5, Федерер одигра брилијантно, на моменти потсетувајќи на најславните денови од својата кариера.

Негов противник во четвртфиналето ќе биде Миша Зверев, кој претходно направи вистинска сензација со победата во четири сета над првиот светски рекет Енди Мари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП