22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај за Енди Мари на Аустралиан Опен, загуби од Миша Зверев

Крај за Енди Мари на Аустралиан Опен, загуби од Миша Зверев

au

Првиот светски рекет Енди Мари го заврши своето учество на првиот грен слем во сезоната, Аустралиан Опен. Британецот во четвртото коло загуби од Миша Зверев, 50-ти на АТП листата.

Аустралиан Опен во првата недела од турнирот остана без првиот и вториот носител. Откако пред три дена Денис Истомин во пет сета и по пет часа игра го елиминираше Новак Ѓоковиќ, во неделата Миша Зверев во четири сета му пресуди на Мари.

Првиот носител немаше одговор за играта на Зверев, кој најчесто ја форсираше сервис-волеј играта и во ниту еден момент не отстапи од тој план.

Зверев на крајот победи 7:5, 5:7, 6:2, 6:4, го мина четвртото коло и го израмни својот најдобар резултат на грен слем турнирите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП