1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРобен го продолжи договорот со Баерн до 2018-та

Робен го продолжи договорот со Баерн до 2018-та

1966224509587ccf92c0652238160385_w640

Фудбалерот на Баерн Минхен, Арјен Робен во понеделникот го продолжи договорот со германскиот клуб на уште една година, пренесуваат светските агенции.

Од Баерн соопштиле дека договорот со холандскиот фудбалер е продолжен до јуни 2018-та година. Робен е скоро осум години фудбалер на Баерн, каде дојде во трансфер од шпанскиот клуб Реал Мадрид во 2009-та година.

Робен досега има постигнато 82 гола во 152 првенствени натпревари за Баерн, 14 голови во 23 натпревари во германскиот куп и 21 гол во 53 меча во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и победоносниот гол против Борусија Дортмунд во финалето од 2013-та година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП