4 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите ќе ги одмерат силите со селекцијата на Словенија

Ракометарите ќе ги одмерат силите со селекцијата на Словенија

mkslo katar3
Денес со почеток од 17.45 часот Македонија игра против Словенија на Светското првенство во ракомет во Франција во рамките на третото коло.

Македонија ќе оди на победа, по двата успешни први меча против Тунис (34:30) и против Ангола (31:22), но имаме лоша историја против Словенија.

Во натпреварите Словенија – Македонија почнувајќи од 1998 кога во Пула е одигран пријателски натпревар, Словенија има седум победи, Македонија една победа и два нерешени натпревари.

Со Словенија само два пати сме се соочувале на големи натпреварувањата и тоа во 2012 година во борба за петто место на Европското првенство кое носеше на ОИ, славеше Македонија со 28:27, а на Светското првенство во Катар 2015 славеше Словенија во 1/8 финалето со 30:28.

На Светското првенство во понеделник ќе се соочат уште и Полска и Русија од групата А, Шпанија и Ангола од група Б, Унгарија – Чиле и Хрватска – Белорусија во групата Ц, и Египет – Бахреин и Данска-Шведска во групата Д.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП