10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСевилја го совлада Реал Мадрид

Севилја го совлада Реал Мадрид

930944479587bf5f95d7b9864441777_w640

Откако пред три дена во реваншот од осминафиналето на националниот куп не успеаја, во неделата вечерта фудбалерите на Севилја во дербито од 18-то коло на шпанското првенство го совладаа Реал Мадрид со 2-1, со неверојатен пресврт и ѝ ставија крај на серијата на непоразеност на „кралевите“ која траеше 40 натпревари од април 2016 година.

До 86 минута Реал имаше водство, победа и три бода во рацете, благодарејќи на голот што го постигна Кристијано Роналдо во 67 минута од пенал. Меѓутоа, следеше пресвртот во кој придонес имаше и капитенот на мадриѓаните Серхио Рамос.

Имено, во 86 минута Рамос катастрофално реагираше на нафрлувањето од Сарабија и со глава топката ја спроведе во сопствената мрежа. Една минута ги делеше Севилја и Реал од поделба на бодовите, но Стеван Јоветиќ со удар од 20-ина метри успеа да го совлада Кејлор Навас и да ѝ ја донесе победата на Севилја за напредување до второто место на табелата.

Севилја сега има 39 бодови, еден помалку од водечкиот Реал а еден повеќе од третопласираната Барселона. Реал има натпревар помалку во однос на најблиските ривали.

Во следното коло, на 21-ви јануари, Реал на домашен терен ја пречекува Малага, а ден подоцна Севилја ќе ѝ гостува на Осасуна.

Претходниот натпревар меѓу двете екипи на 12-ти јануари во рамките на Купот на кралот заврши без победник (3-3), иако Севилја имаше два гола предност, со што Реал го надмина дотогашниот рекорд на Барселона во должината на серија без претрпен пораз во сите натпреварувања меѓу шпанските клубови од 40 натпревари.

До овој, последен пат Реал беше поразен во април 2016 година во осминафиналето на Лигата на шампионите со 0-2 од Волфсбург. Оттогаш „кралевите“ нанижаа 30 победи и 10 ремија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП