28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRenault ги објави резултатите од првиот квартал

Renault ги објави резултатите од првиот квартал

renu

Во текот на првиот квартал од 2013-та година глобалниот автомобилски пазар порасна за околу 0.7 проценти, а во тоа „Renault Group“ има учество со 608.455 нови регристрации на своите возила, што е за 4.7 проценти помалку отколку пред една година. Овој резултат пред се е рефлексија на континуираниот пад на пазарот на возила на територијата на Европа.

Групацијата продолжува да се шири надвор од Европа, при што во првите три месеци од 2013-та година работењето е зголемено на 50 проценти во однос на 46-те проценти од 2012-та. Компанијата успеа да оствари зголемување на производството на автомобили од 3.5 проценти во првиот квартал и покрај тоа што фабриката во Бразил неработеше пет недели.

Новиот „Clio“ и новиот „Sandero“ беа преставени на крајот од 2012-та година и тие продолжија да го следат комерцијалниот успех на „Duster“ кој продолжува да го шири меѓународното присуство на компанијата и засега е најпродаван модел на оваа групација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП