21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВест Хем не сака да го продаде Паје, тој одбива да игра

Вест Хем не сака да го продаде Паје, тој одбива да игра

payet35

Димитри Паје, најдобриот играч на Вест Хем минатата сезона, започнал да му создава проблеми на клубот, во моментот кога тимот ја стабилизира формата.

Паје побарал трансфер, а клубот нема намера да му дозволи да си замине. Францускиот репрезентативец нема да тренира со првиот тим, што значи дека нема да конкурира за место во тимот за натпреварите, но тимот не соопштува до кога Паје ќе биде надвор од тимот.

„Имам проблеми со еден фудбалер. Се работи за Димитри Паје. Тој сака да замине. Ние веќе кажавме дека нема да ги продаваме најдобрите играчи, но Паје повеќе не сака да игра за нас. Сепак нема да го продадеме“, рекол менаџерот на Вест Хем, Славен Билиќ.

Паје, во февруари минатата година го продолжи договорот до 2021 година. Интерес за неговите услуги покажуваат Манчестер Јунајтед, Арсенал и поранешниот клуб Олимпик Марсеј, кој наводно веќе испратил понуда „тешка“ 40 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП