27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТригодишна суспензија за ФК Партизан од страна на УЕФА

Тригодишна суспензија за ФК Партизан од страна на УЕФА

partizan33949

Еден од најдобрите фудбалски клубови во Србија, Партизан, со одлука на финансиската комисија на УЕФА во наредните три години е исфрлен од европските купови, пренесува весникот Спортски журнал на својата интернет страница.

Финансиската комисија на УЕФА поради непочитувањето на финансискиот фер-плеј на три години го исфрли фудбалскиот клуб Партизан од европските купови. Како што пренесува Спортски журнал се работи за сума од 360.000 евра. Белградскиот клуб, исто така ќе мора да плати и казна во износ од 3.000 евра.

Истиот извор пренесува дека во Партизан не биле загрижени од одлуката на УЕФА, со образложение дека се работи за условна казна и дека суспензијата нема да биде активирана доколку клубот ги подмири долговите до 31.јануари.

Спортски журнал потсетува дека поради слични проблеми УЕФА ја суспендира Црвена звезда на една година, кога клубот ја освои шампионската титула во Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП