26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуре Доленец ќе го напушти Монпелје, се сели во Барселона

Јуре Доленец ќе го напушти Монпелје, се сели во Барселона

%d1%98%d1%83%d1%80%d0%b5

Ракометниот репрезентативец на Словенија, Јуре Доленец, по завршувањето на сезоната ќе го напушти Монпелје и ќе се пресели во најтрофејниот европски клуб Барселона.

Доленец (27) со каталонскиот гигант потпишал двегодишен договорот и ќе биде вториот Словенец по Лука Жвижеј кој го носел дресот на славниот клуб.

Тренерот на Барселона, Чави Паскал, бил импресиониран од настапите на Доленец на олимпискиот турнир во Рио де Жанеиро поради што решил да го ангажира во својот тим.

Доленец настапува на позицијата десен бек, на која настапува и македонскиот капитен Кире Лазаров.

Монпелје веќе најде замена за Доленец и се договори со синот на славниот Џексон Ричардсон, Мелвин. Тој во моментов е играч на Шамбери, а со Монпелје потпишал четиргодишен договор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП