Светската фудбалска федерација (ФИФА), денеска одлучи да го прошири Светското првенство на 48 репрезентации. Рекорден број на репрезентации прв пат ќе учествуваат на Мундијалот во 2026 година, чиј домаќин сѐ уште не е одреден.
Усвоен е системот од 16 групи со по три репрезентации, а пласман во нокаут фазата ќе изборат победниците на групите.
Идејата за проширување на Мундијалот најпрвин дојде од претседателот Џани Инфантино, истата помина на состанокот на ФИФА иако најголемите клубови, претходно јавно го искажаа своето незадоволство. Својата замисла Инфантино ја спроведе во дело добивајќи поддршка од најголемиот дел на националните сојузи.
Според новиот формат ќе биде зголемен бројот на натпревари кои ќе бидат одиграни од досегашните 64 на 80. Сепак, шампионот исто како и досега ќе треба да одигра седум натпревари за да стигне до титулата.
Турнирот ќе трае исто како и досега, односно 32 дена.
Последен пат бројот на учесници на СП беше зголемен во 1998 година кога настапија 32 репрезентации, систем кој ќе се применува и на наредните две СП-а (Русија 2018 и Катар 2022). Претходно од 1954 до 1982 година и Мундијалот во Шпанија на светските првенства учествуваа 16 репрезентации, а од 1986 до 1994 на Мундијалите играа 24 селекции.