21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА одлучува дали ќе има проширување на Мундијалот во 2026-та

ФИФА одлучува дали ќе има проширување на Мундијалот во 2026-та

fifa009933

Светската фудбалска федерација (ФИФА), денеска, ќе ги разгледува предлозите за проширување на светското првенство во фудбал во 2026-та година, чии домаќин се уште не е одреден, дали ќе учествуваат 40 или 48 репрезентации.

Последен пат бројот на учесници на СП беше зголемен во 1998-ма година кога настапија 32 репрезентации, систем кој ќе се применува и на наредните две СП-а (Русија 2018 и Катар 2022). Претходно од 1954 до 1982 година и Мундијалот во Шпанија на светските првенства учествуваа 16 репрезентации, а од 1986 до 1994 на Мундијалите играа 24 селекции.

ФИФА најверојатно ќе го прифати предлогот за проширување, а за самиот систем постојат четири предлози.

Првиот предлог е на СП да учествуваат 40 репрезентации кои би биле поделени во осум групи, а во нокаут фазата би влегле двете првопласирани од секоја група.

Вториот предлог е 40 репрезентации да бидат поделени во 10 групи, а во елиминационата фаза да влезат сите победници на групите и најдобрите шест второпласирани селекции.

Третиот предлог се однесува на учество на 48 репрезентации, односно да биде воведен некаков „плејоф“ систем, според кој 16 репрезентации однапред би биле сместени во главниот турнир, а останатите 32 репрезентации низ елиминации би се бореле за преостанатите 16 места.

Четвртиот предлог, кој најчесто се споменува предвидува 48 репрезентации да бидат поделени во 16 групи со по три селекции, а за да бидат избегнати проблемите со пласманот на табелите, секој натпревар кој би завршил без победник би бил решен со изведување на пенали. Пласман во нокаут фазата би избориле само победниците на групите.

Доколку ФИФА денес не ја донесе одлуката, тогаш конечниот договор може да се очекува на состанокот кој во мај ќе се одржи во Манама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП