4 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 10.01.2017

Дневен хороскоп 10.01.2017

astro-nova-slika

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Чувствувате дека некој ве загрозува. Можно е да го победите доколку сте многу трпеливи. Можно е денес да чувствувате голема тензија на работа, а како резултат на тоа нервозни ќе заминете дома.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Преполни сте со оптимизам и елан, па така можно е малку да ја загубите сликата за реалните можности пред вас. Големите планови и амбиции можат да ви бидат неочекувано запрени поради некои одлуки на надлежните.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Непријатните вести можат целосно да ви ја поматат концентрацијата. Вашата целосна посветеност кон одредена тема може да ве извади од падот. Внимавајте да не ви се сокријат некои детали во врска со работата која секојдневно ја обавувате.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ќе се вратите во форма. Работите кои од непознати причини тапкале во место денес ќе се активираат. Малку ќе бидете збунети од расплетот, но брзо ќе се снајдете. Со партнерот ќе бидете во хамонија.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Целосно ќе бидете отсутни. Обземени сте со грижите кои сами сте си ги смислиле и постојано ќе решавате проблеми кои воопшто не ни постојат. Вашето однесување на работа може да ве чини многу доколку не се вратите во реалноста што побрзо.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Уште од рано наутро ќе бидете исклучително напнати. Ќе направите некои неромислени потези. Интензивно ќе смислувате начини како да се ослободите од сите обврски. Партнерот ќе намириса некој проблем кај вас.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не ги избегнете непотребните трошоци, можете да западнете во поголема парична криза. Кон крајот на денот можете да очекувате позитивни вести.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Непланираните трошоци целосно ќе ве исфрлат од рамнотежа. Не разбирате поради што едвај составувате крај со крај.  Размислете на што се ги трошеле парите. Партнерот ќе се сомнева во вас.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вклучете ги соработниците и направете план за колективна работа. Успехот е можен единствено на тој начин. Вашиот заеднички труд ќе донесе задоволство за сите. Одвојте време и за семејството и вашиот партнер.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат поволни договори, успешно купување како и стабилизација на полето на финансиите. Ако донесувате некоја важна одлука, денот е поволен за тоа. Бидете трпеливи, не му наоѓајте толку многу маани на партнерот.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

До вас ќе пристигнат непријатни вести. Замислата која ја имавте, а која се однесува на вашето семејство, со овој пресврт станува невозможна. Сте ги помешале работата и приватниот живот, па поради тоа ќе ви се јават проблеми.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Ве привлекува некое лице кое не е слободно.  Можеби ви се чинело дека тоа ви е животната шанса, но не е така. Обрнете внимание на некои детали на работа, таму ќе го пронајдете спасот како да се заштитите од наталожување на обврските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП