29 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов трипл дабл на Харден, Колдвел-Поуп го реши Портланд

Нов трипл дабл на Харден, Колдвел-Поуп го реши Портланд

pulmer39

Драмата со две продолженија во Портланд, која му припадна на Детроит и новиот трил дабл на Џејмс Харден, во осмата последовна победа на Хјустон, ги обележаа натпреварите кои изминатата ноќ се одиграа во НБА лигата.

Џејмс Харден продолжи со феноменалните партии, го предводеше Хјустон до осмата победа во низа, со трипл дабл од 40 поени, 10 скокови и 11 асистенции. Хјустон го победи Торонто 129:122.

Покрај Харден уште тројца играчи на Хјустон постигнаа двоцифрен број на поени: Харел 28, Гордон 19 и Ариза 17. Торонто го предводеше Демар Дерозан со 36 поени.

Портланд во вистински трилер, по две продолженија, загуби од Детроит 124:125. Мечот го реши Колдвел-Поуп кој постигна тројка на девет секунди до крајот на второто продолжение.

Херојот на Детроит мечот го заврши со 26 поени, додека најефикасни беа Реџи Џексон со 31 поен, односно Андре Драмонд со 28 поени и 14 скокови. Кај Портланд Си-Џеј Мекалум уфрли 35, а Ален Краб го одигра мечот на кариерата, тој постигна 30 поени (5/5 за три).

Голден Стејт го совлада Сакрамнето 117:106. Стеф Кари постигна 30 поени, Кевин Дурент имаше учинок од 28 поени, 7 скокови, 6 асистенции и 4 блокади, а Клеј Томпсон застана на 18 поени. Голден Стејт со скор од 32 победи и 6 порази е водечкиот тим во лигата.

Кливленд потешко од очекувањата го победи Феникс 120:116. Две третини од поените на Кливленд постигнаа тројца играчи: Леброн Џејмс 28, Кајри Ирвинг 27, Кевин Лав 25.

ЛА Лејкрес славеше против Орландо 111:95, а Мемфис ја совлада Јута 88:79.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП