28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМагијата на Меси и донесе бод на Барса против Виљареал

Магијата на Меси и донесе бод на Барса против Виљареал

lionel-mesi-foto-reuters-1483911682-1075447

Лионел Меси ја спаси Барселона од пораз на „Ел Мадригал“, против Виљареал, со голот постигнат во последната минута.

Дербито на 17.коло во шпанската Примера, помеѓу Виљареал и Барселона заврши без победник.

Освоениот бод за Барселона е рамен на пораз бидејќи Реал има пет бодови повеќе и натпревар помалку.

Барселона напаѓаше, упати повеќе удари кон голот на домаќинот, но не ја заслужи победата. Виљареал, одигра дисциплинирано, цврсто во одбраната, а константно се закануваше преку контранапади.

Сансоне во 49.минута од тешка позиција успеа да ја затресе мрежата на Тер Штеген. Резултатот беше активен се до последната минута кога Меси постигна брилијантен гол од слободен удар.

Аргентинецот на последните 22 средби има постигнато 25 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП