17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАлексис Санчез во Атлетико доколку Гризман замине во Јунајтед!?

Алексис Санчез во Атлетико доколку Гризман замине во Јунајтед!?

griezmann-sanchez

Манчестер Јунајтед би можел да биде клучниот фактор во евентуалното заминување на Алексис Санчез од Арсенал.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед е заинтересиран да се засили со Антоан Гризман од Атлетико Мадрид, а реализацијата на овој трансфер би ги отворил портите Чилеанецот Санчез да се пресели во Мадрид.

На Островот веќе неколку недели се шпекулира дали Арсенал на својот најдобар играч ќе му понуди нов договор, со поголема плата или тој ќе си замине во летниот преоден рок.

Неодамна менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, изјави дека Санчез го убедил дека нема да го напушти клубот, но факт е дека Санчез беше исклучително незадоволен и лут по ремито против Бронмут (3-3).

Гризман, од друга страна, потпиша нов договор со Атлетико, во кој е вметната клаузула дека може да си замине доколку заинтересираниот купувач плати 100 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП