21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите ракометари се пласираа на СП во Алжир

Младите ракометари се пласираа на СП во Алжир

aaa

Младата ракометна репрезентација на Македонија избори пласман на Светското првенство во Алжир, откако го освои првото место на квалификацискиот турнир кој изминатите три дена се играше во Скопје.

Избраниците на Илија Темелковски во последниот меч одговорија на предизвикот и против аутсајдерот Турција со 39:19 (22:13). На младите ракометари им беше потребна победа од 19 и повеќе голови разлика, бидејќи конкурентот Португалија претходно ја совлада Полска 34:21.

Македонија носена од голманот Даниловски успеа да го скрши отпорот на Турција по 20-та минута. Турците се држеа во првите 20 минути на само три гола негатива 14:11. До крајот на мечот Македонија постигна 25, а Турција само осум голови.

Даниловски на голот блескаше во вториот дел, успеа да ги одбрани сите нерезонски шутеви на турските ракометари, а мечот го заврши со 14 интервенции. Стрелците ги предводеше Шилегов со 10 голови, гол помалку постигна капитенот Талески, а со седум постигнати гола мечот го заврши Палевски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП