Фудбалерите на Тотенхем ставија крај на неверојатната низа од 13 победи, во која беа нивните колеги од Челзи, откако во лондонското дерби славеа со 2:0. По 20.кола во Премиерлигата Челзи остана лидер, а Тотенхем се искачи на третата позиција на табелата со седум бода помалку од лидерот.
Челзи не успеа да стане апсолутен рекордер во Премиерлигата, не успеа да стигне до 14 победи во една сезона, откако загуби на „Вајт Харт Лејн“. Рекордот ќе остане во сопственост на Арсенал, чија генерација во 2002 година од февруари до август (две натпреварувачки сезони) забележа 14 победи во низа.
Херој на победата на Тотенхем над лидерот во првенството беше Деле Али кој речиси на идентичен начин ги постигна двата гола.
Челзи на „Вајт Харт Лејн“ повеќе притискаше но не успеа да створи вистинска шанса за гол. Најсеризоните можности ги пропуштија Азар во петтата и Дијего Коста во 47.минута, но нивните обиди завршија крај голот на Лорис.
Од друга страна Деле Али ги казни двете грешки во одбраната на Челзи, кога два пати Аспиликуета и Мозес го оставија сам. Али головите ги постигна во 46.минута, односно првата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел и во 55.минута.