13 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМладите ракометари на чекор до пласман на мундијалот во Алжир

Младите ракометари на чекор до пласман на мундијалот во Алжир

mm

Младата ракометна репрезентација на Македонија успешно стартуваше на квалификацискиот турнир за пласман на Светското првенство во Алжир. Македонија, во првото коло, ја совлада Полска 30:22 (16:8).

Младите македонски ракометари со зрела игра, особено во првото полувреме, ја декласираа Полска, која пред почетокот на турнирот важеше за еден од фаворитие за освојување на првото место кое обезбедува пласман на младинскиот Мундијал во Алжир.

Одбраната 5-1, со Талески како најистурен во таа зона, им зададе многу проблеми на Полјаците, а максимално ја крена самодовербата кај избраниците на селекторот Илија Темелковски.

Победата Македонија ја најави во првата половина од првиот дел, кога по почетните 3:0, потоа 6:2 и 8:3, создаде предност од 13:6.

Во второто полувреме Македонија стигна и до двоцифрена предност 22:12 во 37.минута, потоа уследи мал пад во играта, техничките грешки Полјаците ги искористија за една серија од пет гола, намалија на 24:18, но голманот Даскаловски со неколку интервенции спречи Полска уште повеќе да се доближи, а потоа Талески и останатите рутински го завршија натпреварот.

Шилегов со осум голови беше најефикасен, Талевски постигна пет, а по четири Велковски и Нелоски. Голем придонес во триумфот дадоа голманите кои имаа 15 интервенции, Даскаловски седум, Томовски осум.

Во четврток Македонија ќе игра против Португалија, во клучниот натпревар, бидејќи Португалците во првиот меч на турнирот ја победија Турција 40:27.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП