29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДраклсер се сели во Париз

Драклсер се сели во Париз

draxler-6000

Францускиот шампион ПСЖ во вторникот официјално се засили со германскиот репрезентативец Јулијан Дракслер. Поранешниот клуб на Дракслер, Волфсбург, од трансферот заработи 40 милиони евра.

Јулијан Дракслер (23), со ПСЖ постпиша договорот до летото 2021 година, а годишно ќе заработува пет милиони евра.

„Горд сум што започнувам нова етапа во мојата кариера. Дојдов во клуб кој е еден од најдобрите во Европа и во чии редови играат одлични фудбалери“, рекол Дракслер.

Германецот е првото засилување за ПСЖ во зимскиот преоден рок.

Дракслер пред Волфсбург играше во Шалке, а за овие две германски екипи има постигнато 38 голови на 215 натпревари. Со Германија ја освои светската титула во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП