26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром предвидува рекордни количини на „Северен тек“

Газпром предвидува рекордни количини на „Северен тек“

gaz3433

На 1-ви јануари 2017-та година преку гасоводот „Северен поток“ во Европа од Русија биле доставени рекордни 160,75 милиони кубни метри природен гас за деноноќие, соопшти „ТАСС“. Овој факт е доказ дека проширувањето на северната насока на испораките е потребна за европските потрошувачи, коментира шефот на „Газпром“, Алексеј Милер.

Кон крајот на декември по гасоводот беа поставувани по 150 милиони кубни метри гас дневно. Волуменот се зголеми по одлуката на Европската комисија да дозволи на рускиот гигант да користи уште 40% од капацитетот на „OPAL“, макар и дистрибуирани преку аукции. Судот на ЕУ сепак застана за спроведувањето на оваа одлука.

„OPAL“ ја поврзува мрежата на природен гас Германија и Чешка и е реалното продолжение на „Северен тек“ кон Централна Европа.

Во 2015-та година по „Северен поток“ во Европа биле доставени вкупно 39 милијарди кубни метри природен гас. Тоа претставува околу 70% од проектираната моќност на гасоводот. Во последните денови сепак резервите се поголеми од проектираниот капацитет.

Според податоците на „Нафтогас Украина“, цитирани од агенциите, од средината на декември испораките во Украина се намалуваат за 19% до речиси 121 милиони кубни метри природен гас на ден. За сметка на тоа растат испораките во „OPAL“ – со 41% од 57,1 милиони кубни метри до 80,5 милиони кубни метри.

Вкупниот капацитет на „OPAL“ е 36 милијарди кубни метри природен гас годишно.

Првичните проценки на „Газпром“ за 2016-та година покажуваат дека испораките за Европа се зголемуваат за 12% до вкупно 179 милијарди кубни метри. Овие количини се рекордни, објаснуваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП